Google открива: Ова се топ 10 рецепти кои Македонците ги пребарувале во 2020 година

18 декември, 2020
b585db8930bbb8a7916a

Многумина во карантинот ја откриле својата љубов кон готвењето.

Уште во март, кога се појави коронавирусот, а со тоа и карантинот, многумина ја открија својата љубов кон готвењето. Различни рецепти за некои, тогаш уште непознати десерти, пијалоци … секојдневно се споделуваа на социјалните мрежи.

Се разбира, помошта на Google е секогаш добредојдена, па многумина посегнаа по компјутер или мобилен телефон за да го дознаат точниот рецепт за одредени јадења. Сега, на крајот на годината, Google објави список со најпопуларните јадења што ги пребаруваа Македонците.

На прво место беше рецептот за леб. Оваа бројка не е изненадувачка со оглед на тоа што веќе некое време има недостиг на брашно и квасец во продавниците. Второто место го зазеде едноставен и омилен десерт – палачинки, а веднаш потоа, на третото место е кафето Далгона – веројатно најпопуларниот пијалок оваа година.

Луѓето исто така бараа рецепти за едноставни јадења како пица, ќофтиња, тортиљи и мусака, но и десерти. На осмото место се Брауни, проследено со чизкејк.

Последното нешто што луѓето сакаа да го подготват, но не го знаеја точниот рецепт, затоа побараа помош од Google се лазањите.

escort - Korsan taksi