ХЕРМЕС ГИ ЛАНСИРА СВОИТЕ ЕСЕНСКИ BEAUTY НОВИТЕТИ

23 август, 2020
hermes

Новитети доаѓаат со сатенски и мат ДЕТАЛИ…

Откако го најавија лансирањето на сопствената линија за убавина во февруари годинава, Хермес сега презентира три нови нијанси на своите луксузни кармини. Понудени како дел од опсегот есен / зима, најновите додатоци Rouge Hermes се фокусираат на розевата боја, со сатенски и мат завршетоци.

Инспирирани од есенските ноќи и сувиот, ладен воздух што оваа сезона го носи со себе, на новите кармини им беа дадени бои земени од делата на уметниците, меѓу кои и Чарлс Шилер, Џон Регист и Ардуино Кантафору. Rose Ombre е пригушена розова боја, додека Rose Pommette е сатенска формула, исполнета со живописна, радосна боја. На крајот, Rose Nuit е кадифен, мат кармин со темни, пригушени тонови и суптилни навестувања на сина боја.

Новата палета ќе биде достапна за купување од 21 септември годинава.