Белата боја е хит за пролет и лето: Прекрасни фустани во кои ќе се вљубите за миг!

2 јуни, 2020
22cc96de6182fd0b

Најромантичните модели на фустанчиња за оваа сезона, носат со себе раскошни бои, дезени и детали кои се одлично модно парче за топлите и сончеви денови.

Освен што ќе привлекуваат внимание со својот романтичен карактер, овие женствени фустани одлично ќе изгледаат како во дневните и опуштени варијанти, така и во вечерните, формални излегувања.

Еве за каков модел станува збор.

Во лежерна и опуштена дневна варијанта одлично одат во комбинација со еспадрили, а можете да им додадете и по некој плетен, моден детал. Додека пак, за вечерните излегувања се препорачуваат едноставни сандали со удобна потпетица и златен накит.