Холандските власти им препорачуваат на сингл луѓето да си најдат партнери за секс!

19 мај, 20200
seks

Сингл луѓето во Холандија може се сами, но не се осамени. На нив мисли владата, која по препорака на инстутутот за здравје објавила дека самците треба да си најдат комбинација за секс за да ја издржат полесно кризата од пандемијата.

Институтот за здравје објавил официјален водич за короната и сексуалноста според кој оние кои се во карантин без партнер треба да најдат слободна личност со која би имале односи.

Ова е објавено откако холандската власт претрпела критики заради препораките во кои луѓето кои се посетуваат меѓусебно треба да држат растојание од најмалку метар и половина.

Експертите велат дека иако сте сами, имате потреба од физички контакт, а карантинот го оневозможува тоа. Затоа секој треба со својот секс пријател да договори однапред утрврдени правила, пред се, дали се гледаат и со други луѓе, за да не се зголеми можноста од евентуално ширење на заразата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *