Хороскопски знак за кој многумина сметаат дека е арогантен и превртлив: Близнаците ги бие лош глас!

13 јуни, 20200
gemini

Многу луѓе веруваат дека Близнаците се лажговци, измамници и крадци, пишува Дени Ларкин во својата колумна “Astro Roast”.

Додава и дека таа репутација, до некаде, им е заслужена, бидејќи како што кажува и нивното име, тие се знак за двојност. Со нив управува Меркур, планетата на комуникацијата, па Близнаците се вистински “брбливци”, кои обожуваат да раскажуваат приказни. Можат да зборуваат, буквално за двајца, а знаат да бидат и навистина дволични и склони кон измами.

Во нивна одбрана можеме да кажеме дека, тие воопшто не се свесни колку луѓето ги доживуваат како променливи. Еден ден мислат едно, додека другиот ден потполно го променуваат мислењето.

Како воздушен знак, тие се интелектуалци, кои брзо се враќаат на нозе, но тешко е да ги задржите на едно место. Обожуваат да откажуваат планови во последен момент.

А, кога конечно ќе дојде до конфликт, без оглед на тоа дали се работи за пријателите, коишто се налутиле поради откажувањето на договорот во последен момент или станува збор за партнерот, на кого му изјавиле љубов и потоа ги снемало, Близнаците додатно ќе ги влошат работите со своите аналитички одговори.  

Ако успеете да освоите личност родена во знакот Близнаци, голема е веројатноста дека вашата врска ќе заврши со неверство или ќе ве доведат до исцрпување со постојаните разговори. Повеќето од луѓето би сакале да се одморат покрај својот партнер, а Близнаците најмногу од сè би сакале да разговараат на било која тема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi