Храна која НИКАКО не смеете да ја јадете доколку консумирате алкохол

4 јуни, 20200
кмлк,л

Храната што јадете додека пиете алкохол и нејзината количина може многу да влијае на вашето здравје.

Пиењето алкохол на празен стомак или консумирање на погрешна храна може да ве натера да пиете повеќе и да се чувствувате полошо. Вашето тело може да стане дехидрирано од алкохол, а дехидрирањето е исто така главната причина за главоболката што ја чувствувате следното утро.

Пица

За жал, пицата не оди добро со алкохол, најмногу поради кашкавалот што секоја пица го содржи. Исто така, може да ви го наруши варењето на храната, особено ако го јадете доцна во ноќта.

Темно чоколадо

Иако мала количина темно чоколадо има добар ефект врз здравјето, треба да го избегнувате во комбинација со алкохол. Кофеинот, маснотиите и какаото во чоколадото можат да доведат до лошо варење.

Многу солена храна

Избегнувајте храна која содржи многу сол – тоа доведува до дехидрација, што предизвикува потреба од повеќе течности (често повеќе алкохол). Како и премногу солена храна, избегнувајте многу зачинета храна. Може да ги иритира стомакот и цревата, како и да доведе до лошо варење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *