И најпаметните жени можат да станат “смотани” кога се во прашање мажите

20 јуни, 20200
photo-1496602910407-bacda74a0fe4

Дебора Данн даде објаснувања и одговори на 5те вообичаени прашања во врска со грешките кај жените, кои и самите знаеме да си ги поставиме или да ѝ се чудиме на пријателката, како е можно да ги повторува секогаш истите грешки.

Зошто паметните жени се однесуваат неразумно кога се во врска?

Љубовта е лек што им помага да избегнуваат други важни проблеми во нивните животи како што се финансиите, здравјето, стареењето, стресот, проблеми со децата и многу други работи. Секој сака љубов и романтика, но не по секоја цена. Заљубувањето не треба да биде примарна цел на долгорочните односи.

Кон што треба да се стремиме во долгорочни односи?

Стабилност, сочувство, подготвеност да се создаде дом и семејство. Треба да се стремиме да го направиме нашиот дом засолниште од каде што ќе можеме  да се справиме со кризите околу нас, а не место на кое ќе се посветиме и ќе почнеме со игнорирање на сè друго.

Дали бајките како Пепелашка или Снежана имаат вина?

Бајките се метафори. Снежана е метафора за жени кои го преспиваат животот или ги живеат пред телевизорот чекајќи да дојде вистинскиот маж и да ѝ даде живот. Таквите жени не излегуваат надвор и не го градат својот живот, туку чекаат на маж кој ќе ѝ го подари.

Се чини дека жените, дури и кога знаат дека некој не е за нив, тешко ја оставаат таа личност

Жените по природа се грижат и негуваат. Биолошки се наменети да негуваат и заздравуваат. Но, тие забораваат дека ова се однесува на децата. Мажите се веќе израснати и не треба некој да ги преквалификува или да се грижи за нив. Често не ја гледаат разликата.

Дали прекинот на врската е во спротивност со женските инстинкти?

Процесот на дружење и пронаоѓање партнер за жените не е толку забавен како и за мажите. Затоа, тие се позагрижени во врска со раскинувањето, бидејќи на излегувањата гледаат како на “привлекување” на мажот, додека мажите гледаат на тоа како “забава и лов”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi