И социјалните мрежи ги водат поинаку: Правила за кул Инстаграм

26 април, 2020
instagram

Французинките се посебни во секоја смисла. Тие прават сè на посуптилен начин, и така водат и нивните социјални мрежи. Во продолжение погледнете ги нивните правила за кул Инстаграм.

1. Прифаќаат клише

Сите досега знаеме дека за французинката девојка сè е мит: стил, состојба на умот, однесување … Од црвен кармин до облека со риги, беспрекорен, а лежерен стил во секоја прилика – таа е секогаш кул, се смее на самата себе, и прави шеги на сметка на клишеата.

2. Секогаш се кул

Таа навистина се обидува да биде кул. Има тенденција да биде природна, носи обична бела маица, фармерки и шета боса низ куќата, ужива во животот.

View this post on Instagram

Dimanche

A post shared by Louise Follain (@louisefollain) on

3. На својот изглед му додаваат „случаен“ пресврт

Без разлика дали станува збор за каиш, некој накит во златна боја, џемпер пресечен над рамото, шик француската жена секогаш има некој шик момент. И никогаш не е намерно.

View this post on Instagram

Vitamin D shot 🌞

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez) on

4. Секогаш уникатни

На Инстаграм, најпознатите француски инфлуенсерки имаат нешто заедничко – сите ја сакаат уметноста, сите имаат објавена фотографија „штотуку станав од кревет“, цвеќиња, балкон, а аглите од кои се сликани се едноставно уметнички.

View this post on Instagram

My quarantine books crush 📚 What’s yours? 💕

A post shared by Jeanne (@jeannedamas) on

5. Го покажуваат ентериерот

Во моментов попопуларни од Парижанките се нивните станови. Симпатични прозорци или балкони со поглед на париските покриви полни со цвеќиња, уметнички слики, расфрлани книги.

6. Јадат се што сакаат

Зелените сокови и салати никогаш не се на нивната маса. Јадат француски специјалитети, хамбургери и пици. Тие пијат кафе и вино.

View this post on Instagram

I accessorize ☕️ #drawingday #aubeurre

A post shared by Lou Doillon ☕ (@loudoillon) on

7. Се забавуваат

Парижаните отсекогаш знаеле д организираат забави. Блиски пријатели често се собираат и танцуваат, пијат вино и уживаат во разни сирења. Дел од тоа честопати може да заврши на нивните Инстаграм профили.

8. Го споделуваат своето хоби …

Парижанка е незадоволна од дводимензионален живот. Таа сака да пишува книги, компонира песни, дизајнира облека или мебел – и сака да споделува сè со своите следбеници на Инстаграм.

9. Ги споделуваат омилените адреси

Парижанката не се плаши да ги открие своите омилени места во градот, иако тоа може да значи дека можеби наскоро ќе мора да најде ново.