Имате проблеми со спиењето: Можеби не внесувате доволно магнезиум

28 мај, 20200
son 1

Имате несоница?

Ако некогаш сте имале проблеми со недостаток на сон, знаете колку може да биде сериозен. Тешкотија да заспиете, потешкотии да го задржите сонот константно и општата тешкотија да го опуштите мозокот да одмори, не се занемарливи проблеми.

Можеби веќе сте користеле некои растителни препарати кои ветувале ефикасност, но дали некогаш сте размислиле за можноста дека проблемот е недостаток на магнезиум?

Овој минерал игра важна улога во многу телесни функции. Тој е одговорен за оптимално функционирање на метаболизмот, регулирање на шеќерот во крвта, здравјето на коските и, меѓу другото, придонесува за функцијата на нервите и мускулите. И, секако, игра клучна улога кога станува збор за спиење.

ДАЛИ МАГНЕЗИУМОТ НАВИСТИНА ГО ПОДОБРОВУВА КВАЛИТЕТОТ НА СОНОТ?

Според најновите истражувања, докажано е дека може. Пред се, неговата улога е да ви овозможи да земате протеини и истите да ги претворите во хемикалии кои ќе ви помагнат да се чувствувате поспано. Магнезиумот исто така помага да се смири нервниот систем, поттикнувајќи ја неговата ефикасност.

Покрај тоа, ги опушта мускулите и нервите, поради што во голема мера придонесува за квалитетот на спиењето. Магнезиумот е исто така одговорен за одржување на нивото на невротрансмитерите кои се одговорни за „исклучување“ на будностa.

Кoи ce другите придобивки од магнезиумот?

Магнезиумот го зголемува нивото на допамин во организмот, што е одговорно за вашето добро расположение. Исто така, ако страдате од чести мигрени, магнезиумот може многу да ги ублажи. Особено се препорачува за жени кои страдаат од симптоми предизвикани од ПМС.

КАКО МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО ГУБИТОК НА МАГНЕЗИУМ ВО ОРГАНИЗМОТ?

Магнезиумот во најголема мера се внесува во организмот преку исхраната. Луѓето чија диета не е балансирана, многу веројатно е да дојдат до недостаток на истиот. Одредени заболувања на цревниот тракт и честа употреба на лаксативи може да доведат до губење на магнезиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi