Исчезна хемијата: 6 суптилни знаци дека вашиот партнер НЕ УЖИВА ПОВЕЌЕ во водењето љубов со вас

21 август, 2020
5245-2048x1365

Во секој однос има подеми и падови, и емотивни и сексуални.

Затоа понекогаш сексот е нереално добар, а потоа следува период кога е многу лош, или дури и не постои…

Иако вашиот партнер можеби нема да сака да зборува за тоа и ќе се преправа дека сè е добро, засновано врз некои работи, сигурно можете да процените дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот.

Еве ги 6-те знаци на кои треба да внимавате:

1. Тој скоро никогаш не зборува за секс

Ако вашиот партнер е сè уште загреан за вас, тој дефинитивно ќе спомнува секс од време на време, за да ве извести дека е време за малку акција. Меѓутоа, ако се чини дека е целосно незаинтересиран, и покрај вашите благи навестувања во приказната, тоа значи дека тој не ни помислува на секс со вас.

2. Заспива пред вас редовно

Дали ви се чини дека партнерот деновиве е постојано уморен и секогаш се обидува прв да се протне во кревет и да заспие? Ова може да укаже на проблем. Јасно е дека на овој начин тој се обидува да ве избегне, како и да избегне секаков обид за сексуална интимност.

3. Постојано наоѓа нови изговори

Повремено, избегнувањето секс од одредени причини е совршено добро, но изнесувањето на различни изговори секој пат кога другата страна ќе иницира секс е дефинитивно знак дека нешто не е во ред. Следниот пат, обидете се да го разгледате изговорот внимателно – можно е да сфатите дека не е целосно реален.

4. Тој никогаш не превзема иницијатива

Фактот дека вашиот партнер беше првиот кој иницирал секс пред тоа, а сега е целосно обратно, треба да ве загрижи. Ако сте осамени во желбата да го одржите сексуалниот живот, време е да сфатите дека има проблем.

5. Ве игнорира секој пат кога ќе го поченте тој разговор

Еден од најсуптилните, но очигледни знаци е овој. Обидете се да запомните колку пати се случило ова, а потоа запрашајте се…

6. Имате впечаток дека сексот стана обврска за другата страна

Дали чувствувате „обврзувачка атмосфера“ за време на ретките сексуални моменти? Дали вашиот партнер делува како да имате секс само за да бидете среќни? Тогаш е очигледно дека тој не ужива во тоа, но е, на некој начин, принуден да има секс со вас. Можеби е време да разговарате.