Астронаутската диета најбрзо топи маснотии: За 7 дена симнува до 3 килограми

29 септември, 2020
199483_shutterstock-581654332_ls


Оваа диета е одлична ако сакате да изгубите тежина за краток временски период. Веројатно знаете дека астронаутите имаат посебна диета за време на престојот во вселената, прилагодена на специфичните услови во кои се наоѓаат, а истражувањата покажаа дека овој вид диета може да се примени дури и ако сакаме да изгубиме тежина. Оваа диета се заснова на одредени принципи што се применуваат во исхраната на астронаутите, и е доста ограничувачка. Најмногу се базира на потрошувачка на протеини, додека јаглехидратите се минимални. Исто така, внесот на калории е намален, а она што е особено важно е дека протеините ви овозможуваат да изгубите тежина без да изгубите мускулна маса.

Строго избегнувајте ја оваа храна:

Газирани и овошни сокови

Алкохол

Сол и шеќер

Зеленчук со многу скроб – моркови, компири, цвекло

Ориз и тестенини

Леб и тесто

Индустриски преработено месо и производи од сувомеснато месо

Храна на која треба да се базира вашата диета:

Печурки

Јајца

Риба и пилешко

Домат и краставица

Марула и зелка

Брокула и карфиол

Тиква Сирење и тофу

Ориз, кокос и бадемово млеко


Предлог за дневно мени:

Појадок: Две варени јајца и шолја црно кафе или зелен чај

Ручек: Пилешка супа, варено бело месо од супа, салата со домати и печурки

Ужина: Еден портокал, јаболко или шолја зелен чај

Вечера: Риба и 150 гр тофу сирење

escort - Korsan taksi