Брза диета: Направете напиток кој ги топи мрсните наслаги

17 мај, 20200
3

Оваа диетална вода можете да ја направите со едноставни состојки.

Синтија Саш, која го смислила овој наптиок, тврди дека после четири дена редовна консумација можете да изгубите три килограми и да отстраните 10 цм во облината на струкот.

За да го направите овој напиток, потребно ви е ѓумбир, листови од мента, една краставица, еден лимон и 8,5 чаши вода ( користете филтрирана или флаширана вода- секоја чаша треба да биди од по 250мл.)

Измијте го лимонот, пресечете го на половина и извадете ги семките. Секоја половина засечетеја по малку и ставете ја во садот со водата. Не го цедете лимонот во водата. Краставицата излупете ја и исецкајте ја на тркалца, потоа додате ја во водата. Земете 8 до 12 листови свежа мента, измијте ги и ставете ги и нив.

Земете ѓумбир со средна величина и нарендајте во смесата со вода. Сето тоа измешајте, поклопете и ставете го во фрижидер да преноќи. Следниот ден пијте само по една чаша вода, разладена, кога сте жедни. Барем четири дена пијте по една чаша со овие состојки за да ги видите резултатите. Водата можете да ја процедете секој пат кога ја турате во чашата. Таа содржи нула калории, а  познато е и дека самата вода помага за слабеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *