Дали знаете која е најголемата грешка која ја правиме кога станува збор за протеините?

30 април, 20200
protein 2

Дали знаете дека доволна количина протеини во вашата исхрана е многу важна, но дали мислите за времето кога го консумирате?

Протеинот е секако една од главните компоненти на здравата исхрана, но повеќето од нас консумираат повеќе отколку што всушност се препорачува. На пример, жените во нивните 20-ти и 30-ти просечно консумираат повеќе од 75 грама протеини на ден, додека препорачаната дневна доза е само 46 грама.

И додека виновниците се делумно енергетските барови, десерти, па дури и популарната палео диета, повеќето од нас консумираат протеини во погрешно време од денот, што всушност доведува до прекумерна консумација. Нашиот организам не функционира така што можеме да изедеме цело пилешко и да го користиме добиениот протеин до крајот на неделата. Општо земено, нашето тело може да обработува околу 20-30 грама протеини на секои неколку часа, а повеќе од тоа генерално завршува складирано како маснотии.

Идеално, протеините треба да се распределат во текот на денот, целта треба да биде 20-30 грама протеини за време на секој оброк, и 10 грама протеини за време на меѓу оброците и грицките. Се разбира, со овие критериуми, постои простор за прилагодување во зависност од вашата возраст, физичка структура и нивото на физичка активност. На оние што креваат тежина им е потребно многу повеќе протеини од на една млада витка жена, затоа само обидете се да се придржувате до препорачаните количини што се соодветни за вас и вашиот животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi