Девојката која ослабела 25 килограми ја откри својата тајна: Не гладувала, го правела само ова…

11 септември, 2020
kailee-carr1-830x0


Љубителката на фитнесот Кајли Кар од Америка имаше проблем со вишокот килограми пред само неколку години, а потоа со помош на редовен тренинг успеа да ја доведе својата линија до совршенство. Таа изгуби 25 килограми, а нејзините фотографии „пред“ и „потоа“ служат како мотивација за многу луѓе. Кајли истакнува дека зад нејзиниот успех се крие голема посветеност и редовно тренирање. Наместо популарни диети, таа реши да тренира, благодарение на што ги стопи маснотиите и изгради силни мускули. Таа сега има 54 кг и е презадоволна од својот изглед, а на својата сметка на Тик Ток го покажа своето тело пред вежбање, кога имаше најголем број килограми, а потоа и преку ударите кои ги вежба во теретана.

Американката привлече големо внимание од корисниците на оваа интернет платформа, кои го нарекоа нејзиното видео „мотивирачко“, а објавата ја коментираа илјадници луѓе кои и честитаа на успехот. – Фактот дека сте биле толку сигурни на почетокот, покажува дека сте силна личност. – Едно од најдобрите видеа што некогаш сум ги гледал, очигледно не гладувате и изгледате толку силно и исполнето – Изгледате многу посреќно и посигурно! Вие сте навистина неверојатни – коментираат корисниците на Тик Ток. Кајли има голем број обожаватели на своите профили на Instagram и TickTock и често споделува совети со луѓе кои штотуку започнуваат процес на слабеење.

escort - Korsan taksi