Диета со хељда и кефир: За две недели до 7 килограми помалку!

29 декември, 2020
sovrshen_obrok_za_studenite_denovi


Диетата со хељда и кефир е ригорозна и не е за секого. Таа е погодна за луѓе со добро здравје и за оние кои се подготвени дисциплинирано да спроведат ригорозна програма за две недели. За возврат, тие можат да очекуваат до десет килограми помалку, но бројот на изгубени килограми зависи од конституцијата и метаболизмот на секоја индивидуа.

Упатства за исхрана

Хељдата може да се јаде онолку колку што сакате, но без зачини, сосови и сол. Можете да додадете само малку соја сос и бибер. Солта не се препорачува бидејќи задржува вода во телото.

Подготовка на хељдата: Истурете една до три чаши хељда (во зависност од апетитот) навечер со 4 dcl врела вода, оставете ја да отстои пет минути и потоа исцедете ја и истурете ја истата количина врела вода повторно и оставете ја да стои до утрото. Хељда најдобро се консумира со кефир. Изберете кефир со процент на млечна маст од 1 до 1, 6 проценти и не треба да пиете повеќе од еден литар на ден. Може да јадете до две парчиња сезонско овошје на ден, а исто така можете да јадете зелен зеленчук како прокељ, зелка, спанаќ, брокула, но без сол и зачини. Може да пиете кафе и билни чаеви, но без шеќер и вештачки засладувачи. Се препорачува редовно пиење вода, а вкупната количина на потрошена течност дневно заедно со кафе и чај не треба да надминува три литри. Алкохолот е забранет на оваа диета.

Нутриционистички вредности на 100 гр хељда

343 kcal

13, 3 g протеини

71, 5 g јаглехидрати

10 g влакна

3, 4 g маснотии


“Кефирот содржи малку лактоза, и содржи дури и повеќе протеини од јајцата, има дури 9 гр повеќе протеини од јогуртот. Кефирот содржи вредни пробиотици и многу калциум кои се одлична поддршка при губење на тежината и губење на маснотии, особено околу стомакот.”

escort - Korsan taksi