Диета со ориз: До 7 килограми помалку за само 3 седмици

26 октомври, 2020
pirinac_dijeta_7_kilograma_manje_za_samo_tri_nedelje_111461468

Креатор на оваа диета е д-р Валтер Кемпнер, а таа е создадена уште во 1939 година. Целта на оваа диета во тоа време беше да се намали крвниот притисок, да се регулира шеќерот и да се подобри здравјето на бубрежно болните пациенти.


План за исхрана

Појадокот е ист секој ден: чаша ориз варен во вода, без сол или шеќер. Заради вкусот, може да исцедите малку сок од лимон и да додадете малку маслиново масло.Во текот на диетата варете кафеав (интегрален) ориз.

Јадете парче овошје за закуска.

Ручек за првите 7 дена: чаша ориз, чаша грав, грашок или леќа, парче леб од интегрално брашно. Користете повеќе зачини и помалку сол.

Ужина: овошје

Вечера за првите 7 дена: чаша ориз и 150 грама посно месо (гради од пилешко или мисирка, свинско, риба) секој ден. Не посолувајте го месото, само исцедете малку сок од лимон. Може да јадете тенко парче леб од интегрално брашно.

Ручек уште 7 дена: чаша ориз, парче интегрален леб.

Вечера уште 7 дена: чаша ориз и парче интегрален леб.

Трета недела: Јадете според планот за диета од првата недела, додавајќи една ужина од млеко помеѓу ручекот и вечерата (200 мл млеко или малку овошен јогурт).