Диета во изолација: За 19 дена топи 5 килограми! Следете го само ова правило

10 декември, 2020
zena


Јадете 8 часа, постете 8 часа

Оваа диета се заснова на теоријата дека човечкото тело е програмирано да одговори на одреден период на апстиненција од храна во текот на денот и период кога му треба храна. И односот на часови помеѓу овие два циклуса е 1: 2 во корист на воздржаност – јадеме осум часа, а се воздржуваме 16.

Зошто е така?

Бидејќи на нашето тело му треба повеќе време да „одмори“, односно да ја врати силата и да се опорави, во однос на периодот кога ќе биде „зафатен“ со преработка, варење на храната. Добрата вест е дека кога јадете, можете да јадете скоро сè! Имајте на ум дека во оние преостанати 16 часа во текот на кои нема да јадете и време на спиење (оптимално осум часа) што всушност значи дека ќе се воздржувате од храна само осум часа во текот на денот. И не е толку страшно, нели?

Две зони

Хорхе ги подели вашите 24 часа во две зони, сина и црвена.

* Сина зона – ова е период од осум часа секој ден во текот на кој можете да јадете, а Хорхе препорачува вашата сина зона да започне наутро, кога нашето тело е почувствително на инсулин. Ако внесете поголем дел од дневните калории пред 2 часот попладне, ќе изгубите повеќе тежина отколку некој што јаде иста количина калории навечер.

* Црвена зона – ова е период од 16 часа во текот на кој не јадете, а и онака ќе поминете добар дел од тоа време спиејќи. Може да консумирате само вода или чај. Телото ќе согорува маснотии во овој период.


Што можете да јадете

Хорхе вели дека не мора да броите калории, но би било добро да изберете здрава храна бидејќи на тој начин вашата диета ќе биде поефикасна. На пример, наместо да купувате слатки, јадете овошна салата со шлаг или суво овошје, а чипсот и солените стапчиња заменете ги со јатки. Препорачливо е да се избегнуваат засладени пијалоци и алкохол. Калориите што се наоѓаат во алкохолот и соковите со додаден шеќер имаат негативно влијание врз процесот на слабеење, бидејќи тој вид шеќер оди директно во крвта.