Јапонска диета со банани: Во моментов најпопуларниот режим на исхрана во светот!

1 мај, 2020
BB

Со минимална промена во исхраната, ќе загубите до пет килограми за седум дена .

Јапонската утринска банана диета е креација на Сумико и Хитоши Ватанбеа, кои имаат позадина во фармацевтското и медицинското образование. До диетата дојдоа сосема случајно, а по објавувањето, таа стана многу популарна во светот.

Основното правило на оваа диета е дека за појадок треба да јадете банани со чаша вода на собна температура.

Препорачливо е до четири банани, како и до две чаши млака вода во утрото, додека другите порции во текот на денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани. Пронаоѓачите на диетата тврдат дека не постојат посебни правила што и колку треба да се јаде.

Диетата со банана и вода бара единствениот пијалок што го консумирате да биде млака вода и препорачливо е да ја држите до 12 дена. Последниот оброк треба да ви биде четири часа пред спиење, потребно е да спиете најмалку осум часа, а да заминете на спиење најдоцна на полноќ.

За време на држење на овој режим, не се препорачува алкохол, кафе и тутун, а десертите се строго забранети.