Јапонска готвачка тврди: „Голем дел од луѓето погрешно го приготвуваат оризот“

21 август, 20200
befunky-collage_9cG4s0S

Харуми Курихара е феномен во нејзината родна Јапонија со повеќе од 20 милиони примероци книги продадени ширум светот и десетици продавници во Јапонија кои ги продаваат нејзините производи за готвење.

Нејзината последна книга, Јапонската кујна на Харуми, делумно се базира на телевизиската програма со истото име и нуди алатки и рецепти за да помогне во совладување на јапонски рецепти.

– Јас многу го сакам зготвениот ориз на јапонски стил, поради што експериментирав со толку многу начини да готвам совршен ориз. Јапонците обично готват ориз во специјален сад за ориз, но совршенството на вкусот може да се постигне и на други начини, вели таа.

Нејзиниот рецепт:

Во сад ставете 2 чаши бел ориз со кратко зрно. Наполнете со ладна вода и нежно мешајте го оризот со рака. Исцедете за да ја исфрлите заматената вода.

Потоа, протријте ги зрната ориз едни со рацете користејќи го коренот на дланката. Исплакнете под ладна вода и исцедете ја. Продолжете со триење и плакнење додека водата не стане чиста. Исцедете го оризот во сито и оставете да отстои 15 минути.

Ставете го оризот во тава и додајте еднаква количина вода во тавата. За помека текстура, додадете малку повеќе вода; за потврда користете малку помалку вода. Покријте ја тавата и ставете да се готви на највисока топлина.

Доведете до вриење и оставете да врие на тивок оган 10 до 12 минути. Исклучете го шпоретот и оставете да отстои 10 минути. Извадете го капакот и промешајте го оризот пред сервирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi