Кефир диета: 7 килограми помалку за само 7 дена!

4 мај, 20200
kefir

Многумина мешаат кефир и јогурт, кои се две сосема различни намирници. Иако е многу сличен на јогуртот, кефирот е совршено средство за зајакнување на имунитетот и забрзување на метаболизмот.

Кефирот е еден од најефикасните пробиотици со многу бактериски култури, калциум, магнезиум, витамини Б12 и Д, фосфор и многу други корисни состојки.

Кефирот е млечен производ добиен со ферментирање млечен шеќер. Овој процес се одвива благодарение на кефир габата. Можете да го купите или да го направите сами.

 Диетата со кефир нема временски рок и можете да ја применувате колку што сметате дека ви одговара или според вашите потреби. Сепак, исхраната со кефир од седум дена покажа неверојатни резултати при губење на тежината, што може да биде од 4 до 7 килограми за една недела.

За седумдневна диета со кефир, менито се состои од три оброци и една до две закуски на ден, и препорачливо е да имате оброци во текот на денот за да не се чувствувате гладни.

Додека се придржувате до режимот на диетата, консумирајте храна само од предвиденото мени, и неопходно е диетата да биде балансирана и да не преминувате на многу масна, зачинета и калорична храна, за да немате јо-јо ефект.

Важно е да се напомене дека додека диетата е многу ефикасна, доколку не вклучите физичка активност, бројот на килограми што ќе ги изгубите нема да надмине четири, додека со лесни вежби можете да постигнете максимален ефект од 7 килограми за 7 дена.

Мени за седум дена

ДЕН 1:

Појадок: Чај или кафе, чаша кефир со 3 лажици ленено семе. (Ако се чувствувате гладни или не сте сити, можете да испиете уште една чаша кефир и лен).

Ужина – овошна салата.

Ручек: Пилешка супа, 150 гр бело месо, варени моркови и сезонска салата по ваш избор. За закуска две парчиња интегрален бисквит.

Вечера: чаша кефир, парче леб од леќата и порција zelena салата (можете да додадете млад кромид и ротквици).

ДЕН 2:

Појадок: Чаша кефир со ленено семе.

 Ужина: две јаболка.

Ручек: Бела риба, варени компири (можете да додадете блитва или зеленчук) и салата од домати и пиперки со малку маслиново масло.

Ужина: банана или парче диња или лубеница.

Вечера: Чаша кефир со ленено семе. 

ДЕН 3:

Појадок: Чаша кефир со ленено семе.

Ужина: тост со малку мед и путер

Ручек: Супа од зеленчук, јајце и спанаќ и салата краставица и кефир (варијанта на таратор салата, само со кефир наместо јогурт).

Ужина: овошје по ваш избор.

Вечера: Два варени компири и еден варен морков и чаша кефир.

ДЕН 4:

Појадок: Чаша кефир од ленено семе.

Ужина: овошна салата или две овошја по ваш избор.

Ручек: Пилешка чорба и салата од кисела зелка.

Вечера: Порција интегрален ориз со зеленчук и чаша кефир.

ДЕН 5:

Појадок: Чаша кефир со ленено семе.

Ужина: овошје по ваш избор.

Ручек: супа, телешко месо – околу 150 грама и зеленчук на скара и салата од зелка.

Ужина: овошен јогурт (по можност да не купувате – направете си од јогурт и парчиња овошје)

Вечера: чаша кефир и неколку парчиња интегрален бисквит.

ДЕН 6:

Појадок: Чаша кефир so ленено семе.

Ужина: овошје по ваш избор.

Ручек: Мусака од тиквички, салата од кефир, краставица, лук и парче леб од леќа.

Ужина: коскени овошја – лешници, бадеми и ореви.

Вечера: риба на скара-150гр, парче интегрален леб, зелена салата и зелен чај.

ДЕН 7:

Појадок: Чаша кефир со ленено семе.

Ужина: овошна салата по избор.

Ручек: Јунешко месо во сос од домати и салата од зелка.

Ужина: банана.

Вечера: Парче интегрален тост со малку путер и кефир измешано со брашно од лен. 

Кефирот е природен пробиотик, така што покрај регулацијата на тежината, ќе воспостави баланс на работата на цревата и дигестивниот систем.

Оваа диета не се препорачува за луѓе кои нетолерантни се лактоза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi