Клучот е да бидете сити: 7 совети како „паметно“ да слабеете

13 јули, 20200
slabeenje

Ако сте решиле да изгубите тежина, самата добра волја не е доволна.

За да успеете во вашиот план, треба да следите неколку „златни“ совети.

Експертите сугерираат 7 работи на кои треба да се придржувате при губење на тежината.

1. Оброкот започнете го со супа или салата. Јадењето на оваа храна трае подолго, а чувството на глад пријатно престанува. За ручек, продолжете со интегрални тестенини или ориз, но двојно поголема количина зеленчук од онаа што претходно сте ја консумирале.

Подолго ќе бидете сити.

2. За да го спречите гладот, но не со прејадување, започнете да пробувате различни вкусови. Обидете се со манго или диња на тост со мед и додадете мандарина во салата. На овој начин можете да откриете нови вкусови кои не ви се здосадени и со кои ќе изгубите тежина.

3. Зелениот зеленчук како зелена салата, брокулата и тиквичките ќе ви дадат чувство на ситост, а многу малку калории. Ако сакате да изгубите тежина, зголемете ја нивната количина во чинијата.

4. Јаглехидрати – ориз, тестенини, леб и житни култури создаваат долготрајно и здраво чувство на ситост, лишени од надуеност, особено кога станува збор за интегрален леб.

5. Можете да јадете овошје и зеленчук во поголеми количини, бидејќи тие главно се состојат од вода (грејпфрут содржи 90 проценти вода и 38 калории, а брокула 89 проценти вода на 100 грама).

6. Најздрави и најмалку дебелеат протеините во грав и грашок и богати се богати со растителни влакна како и кај рибите, белото месо и млечните производи со малку маснотии.

7. Овошјето и зеленчукот треба да ги додадете во секој оброк – наутро во житарки, за ручек во тестенини или сос од домати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *