Кои се најдобрите пијалоци после тренингот?

2 мај, 20200
vezbanje

Успеавте, конечно почнавте редовно да вежбате!

Но, кога ќе погледнете околу салата и ќе видите луѓе со разни шејкови и пијалоци, веројатно се прашувате кои од овие пијалоци треба да ги конзумирате после тренингот. Вода? Спортски пијалок? Шејк со протеини? Без грижи, прочитајте сè што треба да знаете подолу!

Ако сте просечна личност …

Нема пијалок што им одговара на сите. Ако сте просечна личност која вежба 30 минути на ден, водата е доволна. Со умерено вежбање, телото нема да изгуби важни хранливи материи, така што нема потреба од закрепнување. По вежбањето, можете дури и да се напиете една шоља кафе, бидејќи се состои претежно од вода.

Ако сакате да станете тркач за маратон …

Ако вежбате 90 минути или повеќе (на пример, се припремате за трчање маратон), спортски пијалок е добар избор затоа што ќе ја надомести изгубената вода, како и хранливите материи изгубени на телото со вежбање. Вежбањето со поголем интензитет (90 до 120 минути) подоцна бара замена на електролити и јаглени хидрати (поради изгубената енергија), а тоа ќе го добиете со спортски пијалок. Конзумирање на јаткасти плодови или солени переци се препорачува и за враќање на изгубениот натриум.

Ако сакате да изгубите тежина …

Ако вежбате затоа што сакате да изгубите тежина, избегнувајте спортски пијалоци богати со калории. Ако сакате да ги замените изгубените хранливи материи (како калиум и натриум), побарајте ги во храна. Со други зборови, после тренингот, јадете здрав оброк затоа што повеќето течности што ги прима нашето тело се од храна. Чаша овесна каша или ладен јогурт ќе ве рехидрира и ќе ги обнови сите изгубени хранливи материи во исто време.

Ако сакате да изградите мускули …

Ако сакате да ја зголемите мускулната маса, пијалокот што содржи јаглени хидрати и протеини е правиот пијалок за вас. Секое интензивно вежбање, особено оној што вклучува кревање тежина, бара обновување на телото со пијалоци што содржат протеини, како што се пијалоци од овошје и јогурт. Соодносот на јаглени хидрати кон протеини треба да биде 2:1 или 3:1, а доколку ги немате потребните состојки, можете да пиете протеин во прав. Во овој случај, проверете дали веќе готовиот протеински шејк има што е можно помалку состојки и е произведен од доверлива компанија.

Што пиете обично после тренингот? Споделете во коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi