Малку чоколадо, јагоди и шампањ, совршен рецепт да го „излудите“

22 септември, 2020
726633_spajz_ls


Некои намирници можат целосно да нè „спуштат“, така што да немаме волја за движење, но затоа некои можат целосно да нè „подигнат“ и да ја зголемат нашата желба. Еве кои:

Чоколадо

Кога одите кај момче или девојка или ако планирате „жешка“ ноќ со вашиот партнер, купете чоколадо. Кога ќе се засладите, вашето тело ќе ослободи серотонин, хормонот на среќата, и со тоа вашето расположение ќе се подобри и ќе почувствувате посилна желба.

Лубеница

Додека има уште некои на пазарите, ајде. Ова сочно овошје е богато со аминокиселини наречени цитрулин. Вашето тело ги претвора во аргинин, друга аминокиселина која му помага на вашето тело да ги релаксира крвните садови.

Авокадо

Ова овошје содржи масти и растителни влакна кои се здрави за срцето, но исто така ви даваат дополнителна енергија што ќе ви треба во спалната соба. Авокадото содржи и витамин Б6, а експертите велат дека овој витамин ги ублажува симптомите на ПМС, како што се замор, оток и летаргија. Сето ова може да им помогне на жените да имаат добар љубовен живот дури и во периодот на ПМС, иако за многумина во овој период такво нешто не им паѓа на памет.

Калинка

Калинката е симбол на плодност и афродизијак. Плод на боговите. Истражувањата покажаа дека калинка го зголемува расположението и го зголемува нивото на тестостерон.


Јагоди

Со шлаг, натопени во чоколадо, со шампањ – јагодите се симбол на љубов и романса. Но, високото ниво на витамин Ц, кое го содржи јагодата, исто така ја зголемува желбата и протокот на крв во организмот. Исто така, јагодите го намалуваат стресот и вознемиреноста и му помагаат на телото да ослободи окситоцин, познат како хормон „љубов“.