На појадок со Џенифер Лопез: Енергија за целиот ден!

2 мај, 20200
j lo

Во нејзината кујна секогаш ќе најдете минерална вода, многу зеленчук и овошје, особено јагоди.

Иако, Џеј Лo не е баш љубител на овошје, децата го обожаваат, вели поранешната семеен готвач на Џенифер Лопез.

Многу луѓе во светот се заинтересирани како се храни латино дивата Џенифер Лопез (50), која сè уште го одзема здивот на присутните каде и да се појави.

Пејачката никогаш не ги прескокнува напорните тренинзи, но дел од заслугите одат кон правилна, здрава и урамнотежена исхрана.
Поранешниот личен готвач на пејачката, Келвин Фернандез работел за нив две години и им споделил на странските медиуми што јаделе Џеј Ло и нејзиниот вереник Алекс Родригез и што секогаш имале во нивната кујна.

– Во кујната секогаш ќе најдете минерална вода, многу зеленчук и овошје, особено јагоди. Иако, Џеј Ло не е баш љубител на овошје, децата го обожаваат.

Алекс, на пример, сака да го започне денот со свеж зелен пијалок направен од многу зеленчук – вели Келвин.

Што се однесува до појадокот, тој е задолжителен во семејството.

– Најчесто појадуваат јајца, а сланината е неопходен дел од овој оброк. Понекогаш тие се одлучуваат за пилешко или колбаси, но јајцата се секогаш таму и особено им е важна белкатаод јајцата.

Тие се тим што многу добро знае што и кога ќе се јаде, поради што и залихите се обилни. Секогаш има многу јајца во оставата, здравите грицки и нездравите за децата “, рече готвачот.

Ручекот дома понекогаш го прескокнуваат, сето тоа зависи од нивните обврски тој ден, а целото семејство вечера заедно.

– Тие се големи љубители на мексиканската храна. Еден ден во неделата е секогаш таканаречен ден на такос – вели Фернандез. Кујната е секогаш полна со резерви од храна затоа што ако Алекс и Џеј Ло се на диета, важно е ништо да не недостасува, за да можат да се придржуваат до тој посебен режим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi