Намалете ја вашата телесната тежина со помош на билки

3 јуни, 2020
zacin

Ако имате билки засадени на терасата или во градината, сега е вистинското време да ги искористите за да изгубите тежина.

Босилок

Омилениот италијански зачин влијае на ослободување на течности и го подобрува варењето на храната. Идеално е во комбинација со тестенини, домати и сирење. Како чај го смирува желудникот и нервите.

Глуварче

Високиот процент на калиум во диви и култивирани глуварчиња, влијае на исфрлањето на течностите од телото. Јадете го глуварчето свежо наместо зелена салата или пак заедно со неа, така е најздраво.

Салата од крес

Додадете го во омлет, сирење или други јадења, како посебна порција од витамин Ц. Го подобрува согорувањето на калориите и стимулира метаболизмот. Исто така, содржи и хром, со кој се регулира чувството на заситеност.

Жалфија

Лисјата на ова растение содржат горчливи состојки кои даваат чувство на ситост и ја ублажуваат желбата за слатки. Жалфијата исто така го намалува шеќерот во крвта. Свежо исецкана се додава и на свинско, јагнешко месо или риба, а како чај го смирува желудникот.

Киселица

Има висок процент на оксална киселина и затоа го стимулира варењето и апсорпцијата на маснотиите во цревата. Има висок процент на витамин Ц. Добро со риби.

Копар

Неговите нежни гранчиња се богати со есенцијални масла кои го подобруваат варењето на храната и ги смируваат нервите. Добро оди со риба и е незаменлива во сосот од копар!

Тарагон

Тенките ливчиња ќе ве направат тенки, затоа што ова растение го започнува целиот процес на согорување на калориите внесени во организмот. Одлично оди со риба, ориз и пилешко. Како чај помага против напетост и нарушен сон.