Непосакуван ЈО-ЈО ефект: Како никогаш да не се вратат килограмите?

27 мај, 20200
јојо

Се обидовте да изгубите вишок килограми, а потоа следеше јо-јо ефектот и килограмите се вратија. Голем удар за вашата психа! Следете ги овие правила за да останете фит.

Минус 300 калории во чинијата

Кога ќе го завршите препорачаното време на диетата и треба да се вратите на старата исхрана, експертите советуваат да се намали бројот на калории во оброците. Магичниот број што треба да го „отстраните од чинијата“ е 300 калории.

Јадете редовно

Пет избалансирани и лесни оброци, почнувајќи од неопходниот хранлив појадок во кој треба да преовладуваат влакна и витамини од овошје, ќе помогнат да се задржи посакуваната бројка на вагата.

Чинија полна со протеини

За да спречите враќање на изгубената тежина, проверете дали во вашата чинија доминираат протеини кои помагаат во градењето на мускулите и во исто време се забрзува работата на метаболизамот. Комбинирајте ги со зеленчук што не содржи многу скроб.

Ништо без вежбање

Без физичка активност ќе ви биде тешко да ја одржувате стекнатата тежина, а стапицата што често се јавува во овој случај е олабавување на кожата. Ако изгубите тежина и не ги „вежбате“ мускулите, ќе бидете тенки, но исто така и „меки“.

Постепено воведување на старите намирници

За да може телото да се навикне на новата тежина и помалку масно ткиво, потребен е одреден период. Експертите сметаат дека на телото му се потребни десет дена да се навикне на новата тежина за секој изгубен килограм.

За време на овој период на прилагодување, треба да избегнувате враќање на старите навики во исхраната, поточно – храната од која се откажавте за време на диетата сега мора постепено да се воведува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi