Овие здрави „грицки“ може да ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми!

28 декември, 2020
kokice-1-825x510

Секојдневното грицкање веројатно ве довело до тој степен кога сте решиле дека е време да се ослободите од неколку килограми, па затоа е важно да размислите за вашите навики кога станува збор за закуски. Ако ги вклучите во вашата исхрана како закуска, тие можат да имаат стратешка вредност затоа што тогаш можат да ви помогнат да ослабете. Важно е да грицкате, па затоа ви донесуваме список на храна која, од научна гледна точка, може да има клучна улога во губењето на несаканите килограми.

jabuke


Јаболка

Јаболката е богата со растителни влакна, така што тие ќе ви го наполнат стомакот и ќе ви помогнат во контролата на грелинот – хормонот кој го контролира чувството на глад. Јаболката содржат и некои хемиски состојки кои помагаат во согорувањето на маснотиите.

batat

Сладок компир

Еден сладок компир содржи само 120 калории, а неговите состојки помагаат во регулирање на шеќерот во крвта. Покрај тоа, богато е со растителни влакна кои ќе ве држат сити подолго време.

caj-od-metvice

Чај од нане

Чаша чај лесно може да ја замени желбата за чоколадо. Чајот од нане може да ви помогне да се чувствувате сити и со тоа да ја намалите желбата за други (нездрави) закуски.

grcki-jogurt


Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е одличен, но внимавајте на додадени шеќери. Една порција грчки јогурт треба да содржи помеѓу 2 и 7 грама шеќер. Исто така, избегнувајте варијации со овошје, чоколадо или мед. Наместо тоа, додадете ги вашите „зачини“ и уживајте во фин десерт.

kokice

Пуканки

Четири чаши пуканки содржат само 120 калории, а со нив добивате многу растителни влакна, така што оваа закуска едноставно ќе ве засити. Бидете внимателни да не користите (многу) масло!

escort - Korsan taksi