ПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА НАЈСОЧНОТО ОВОШЈЕ: Заради овие благодети треба секој ден да се конзумира ЛУБЕНИЦА!

12 јуни, 20200
lubenica

Витамини, минерали, антиоксиданси…

Лубеницата не е “само вода и шеќер”, овој вкусен зеленчук е богат со витамините Ц и А, а содржи и многу други важни нутриенти. Со тоа, 100 грама лубеница има 30 калории.

Најважно е да пиете вода, но и конзумацијата на храна која има голем процент вода може да помогне, а лубеницата има дури 92% вода.

Тоа е и една од причините поради кои лубеницата прави брзо да се заситите. Одличен сооднос на уделот на билни влакна и вода значи дека можете да изедете поголема количина, а да не внесете премногу калории.

Една порција (150 грама) лубеница има околу 45 калории, но ќе задоволи 21% од дневните потреби за витаминот Ц, 18% од дневните потреби за витаминот А, 5% од дневните потреби за калиум, 4% од потребите за магнезиум, а ги содржи и витамините Б1, Б5 и Б6.

Богата е и со каротеноиди, вклучувајќи и бета-каротен и ликопен, како и важната аминокиселина цитрулин.

Витаминот Ц е важен антиоксидант кој спречува оштетувањата на клетките кои настануваат со делување на слободните радикали, а караотеноидите се растителни компоненти кои телото ги конвертира во витамин А.

Ликопенот е важен антиоксиданс кој е добар сојузник во превенцијата на одредени типови канцер, покажуваат бројни истражувања.

Лубеницата содржи многу нутриенти кои позитивно делуваат на кардиоваскуларното здравје. Ликопенот, освен што е добра превенција за одредени типови на малигни заболувања, ги снижува и холестеролот и крвниот притисок.

И другите нутриенти (витамините А, Б6 и Ц, како и магнезиумот и калиумот) позитивно влијаат на здравјето на срцето.

Ги ублажува воспалителните процеси во телото и последиците од оксидативен стрес. Воспалителните процеси во организмот се еден од ризик факторите за многу хронични болести. Благодарејќи на високото ниво на ликопен и витамин Ц, лубеницата има јаки противвоспалителни својства.

Ликопенот позитивно влијае и на здравјето на мозокот, докажено е дека ја успорува прогресијата на Алцхајмеровата болест, а важен е и за превенција на макуларна дегенерација на окото.  

Макуларна дегенерација е болест на средишниот дел на мрежницата, која обично се јавува кај постари лица, и како последица има губење на видот во средното видно поле.

Витамините А и Ц се важни за здрава кожа и коса. Витаминот Ц му е неопходен на телото за да синтетизира колаген, протеин кој на кожата и дава еластичност, а на косата јачина.

Витаминот А помага во обновувањето на клетките, и доколку не го внесувате доволно, кожата ќе ви стане посува и ќе почне да се лушти.

Лубеницата содржи многу вода и мала количина влакна, без кои нема добро варење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *