Разлика помеѓу емоционален и физички глад

9 август, 20200
glad

Емоционалниот глад е ненадеен. Во еден момент не мислите на храна, а веќе во следниот умирате од глад. Од друга страна, физичкиот глад е постепен. Стомакот ви се грчи. Еден час подоцна силно се буни. Физичкиот глад постепено ви дава знаци дека е време за јадење.

Емоционалниот глад е желба за одредрена храна, кога чувствувате силна желба за истата: тестенини, пица или чоколадо. Тогаш чувствувате дека ви е потребен одреден вид на храна. Замена за таа нема да помине! Кај телесниот глад може да имате желба за одредена храна, но таа е флексибилна. Отворени сте и за алтернативни избори. Кога гладта е силна, не бира. Емотивниот глад е “во главата“. Започнува во устата и мозокот. Во главата постојано се вртат мисли за посакуваната храна. Телесниот глад е лоциран во желудникот. Кога сте гладни, чувствувате непријатна празнина и болки во желудникот.

Емоционалниот глад е моментален и ве тера да јадете веднаш, во моментот, додека пак, телесниот е стрплив. Тогаш би сакале да јадете набрзо, но не ви наредува дека мора веднаш да јадете.

Емоционалниот глад  е поврзан со непријатни емоции. Шефот викал по вас, детето има проблеми на училиште, а брачниот партнер е со лошо расположение. Тогаш се јавува емоционалиот глад, најчесто во ситуации кои ве вознемируваат. Телесниот, физички глад настанува од телесни потреби, најчесто после четири до пет часа по послениот оброк. Ако сте многу гладни, може да почувствувате полесна вртоглавица или слабост.

Емоционалниот глад вклучува автоматско и несвесно јадење. Можеби нема да забележите дека сте изеле цело пакување бисквити. Телесниот глад вкличува волја, избор и свесност кога се јаде. Тогаш сте свесни за она што го имате во устата или желудникот. Свесно бирате дали ќе изедете половина сендвич или цел.

Емоционалниот глад не предизвикува сопирање со јадење кога сте сити. Емотивното прејадување произлегува од желбата да се ублажи болното чувство. Личноста се полни со храна за да ги победи тешките емоции и продолжува со јадење, иако желудникот почнува да се мачи поради преполнетост. Физичкиот глад престанува кога желудникот е полн. Тој настанува од желбата за телото да наполни со енергија за работа. Штом тоа е остварено, личноста престанува со јадење.

Емотивното јадење предизвика вина. Парадоксот на емоционалното прејадување е тоа што луѓето јадат за да се чувствуваат подобро, а потоа завршуваат грдејќи се себеси за тоа што јаделе кекси, колачи или сендвич. Си ветуваат дека ќе надокнадат за тоа (ќе вежбам, ќе бидам на диета, ќе прескокнувам оброци… од утре).

Физичкиот глад не познава вина. Кога желбата за храна ќе се задоволи, потоа не следува вина или срам. Личноста сфаќа дека храната е неопходна постапка, како вдишување на кислород.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi