Сити а витки: Еве на кој начин можете го намалите внесот на калории, а воопшто да не почувствувате глад

8 декември, 2020
tanjir


Текстовите за слабеење се полни со прекрасни диети и здрави пијалоци, но ниту еден не гарантира успех. Ако сакате вашите резултати да бидат долготрајни и навистина да започнете да се храните поздраво, со цел да изгубите вишок килограми, но истовремено да не гладувате и да се чувствувате слабо, мора да се придржувате до одредени правила.


Јадете што повеќе зеленчук

Зеленчукот има многу вода и растителни влакна и не содржи премногу калории. Затоа, проверете дали половина од вашата чинија е составена од зеленчук. Додавајќи многу зеленчук во вашиот оброк, можете да јадете иста количина на храна, истовремено намалувајќи ги вкупните калории.


Протеин за секој оброк

Многу студии покажаа дека протеините го зголемуваат чувството на ситост. Ако вклучите многу протеини во вашиот оброк, ќе бидете сити долго време. Затоа, треба да бидете сигурни дека покрај јаглехидратите и мастите, вашите дневни оброци содржат многу протеини како пилешко, јајца, морски плодови и млечни производи.

Вода пред секој оброк

Пијалоци богати со калории, како што се газирани сокови и овошни сокови, нема да ве заситат, но ќе внесете дополнителни калории што не ви се потребни. Затоа е подобро да изберете здрави пијалоци како што се вода и билни чаеви Може да ви биде многу корисно да пиете чаша вода пред секој оброк. На овој начин, ќе имате помалку простор да консумирате непотребни калории, така што најверојатно ќе јадете помалку храна.