Со будистичката диета ќе ги стопите килограмите: Не е важно што јадете, туку КОГА!

24 ноември, 2020
buda-2

Писателот, научник и зен-свештеник Ден Зигмонд со авторката Тара Котрел, собрале мудрости од учењата на Буда, па на крајот ја објавиле книгата „Диетата на Буда: Уметноста на губење тежина без губење разум“, која станала многу популарна.

Клучот на исхраната на Буда е во тоа храната да се ограничува временски, односно да постои повремен пост: наместо да се грижите што и колку јадете, овој вид диета бара од вас да се концентрирате на времето кога јадете и постепено да го намалувате периодот во кој секојдневно консумирате храна.

Кога ќе ја почнете диетата на Буда, првите две недели јадете секој ден во временска рамка од 13 часа (што може да биде многу потешко одошто изгледа).

Потоа, ја намалувате таа временска рака на 12 часа, потоа на 11, па на 10, за да стигнете до временска рамка од 9 часа. Тоа значи дека појадувате во 9 наутро, а на крајот од денот, вечерате околу 18 часот и не консумирате ништо до следното утро.

Ако мислите дека ова е екстремно, Зигмонд потсетува дека будистичките монаси обично јадат само од зори до пладне.

Еве пет изненадувачки совети од споменатата книга кои можат да ви помогнат да ослабите и да останете здрави на будистички начин.

1. Само храбро, погледнете ја вагата

Зигмонд вели дека би требало да ги проверувате килограмите. Следењето на тежината е начин на преземање контрола врз исхраната и здравјето, напоменува Зигмон и додава дека тоа е начин да видите што не функционира, односно функционира во вашата исхрана.

2. Јадете што сакате, но не лоша храна

Исхраната поради која сте гладни нема долго да потрае. Наместо да ја означите храната како „добра“ или „лоша“, размислете за тоа што е корисно (здрави маснотии, влакна и зеленчук или месо и протеини) и што не е (шеќер, преработена храна, повеќе од два алкохолни пијалаци неделно).

3. Има денови кога се јаде и полоша храна

Будистичката диета дава еден ден во неделата кога смеете да се опуштите. Тој ден можете да јадете и надвор од распоредот.

4. Вежбајте за свое добро

Зигмонд истакнува дека вежбањето обично не согорува толку калории колку што мислите, а често придонесува за тоа да огладнете. Па така, диетата не изискува вежбање, но го охрабрува ако уживате во него. Буда учел дека добрата физичка форма ни помага да го одржиме умот силен и бистар. Кога да вежбате? Зигмонд препорачува наутро и го наведува истражувањето кое докажува дека вежбањето на празен желудник согорува 20% повеќе маснотии одошто ако го правите тоа по оброк.

5. Излезете од клубот „морам да ја испразнам чинијата“

Американците фрлаат неверојатна количина на храна, околу 42%, но решението за отпадот, не е „чистењето“ на вашата чинија, тврди Зигмонд. Будистичката диета бара од вас да размислите дали сакате остатокот од вашиот оброк да заврши во ѓубре или во вашето тело.