Сок од само три намирници кои го намалува чувството на глад и го поттикнува слабеењето

29 април, 2020
сок

Слабеењето е процес во кој треба да се обрати внимание на голем број фактори. Настрана физичката активност и контролираната исхрана која во никој случај не вклучува гладување, во овој процес можат да помогнат мали нутриционистички трикови.

Една од нив е сокот од три моќни состојки, кој ефикасно го намалува гладот, го забрзува метаболизмот, обезбедува енергија и му помага на телото да разложува вишок маснотии.

Пијалокот од јаболков оцет и мед е стар сојузник во губење на тежината, а сега му се придружува и грејпфрутот, кој, меѓу другото, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разложува мастите.

Состојки:

  • 1 чаша свеж сок од грејпфрут
  • 2 лажички јаболков оцет
  • 1 лажичка мед

Подготовка:

1. Измешајте сè добро додека состојките не се соединат целосно.

2. Сок пијте го пред сите три големи оброци (појадок, ручек, вечера).

3. Повторувајте ја постапката секој ден 7 последователни дена, а потоа направете пауза од една недела и повторете ја постапката.

4. Ако не ја толерирате горчината на грејпфрутот, заменете го со свеж сок од портокал секој втор ден.