Светот е во шок: Популарната диета 16:8 сепак нема ефект! Веројатно нема да изгубите килограми ако ја следите!

30 септември, 2020
диета

Ново истражување разубеди еден научник кој претходно се заколнал дека ќе практикува повремено постење

Познати личности, како што е Џенифер Анистон, тврдат дека диетата 16:8 е тајната на нивната совршена линија и генерално здрав живот. Сепак, најновото истражување сведочи за спротивното.

Дури и д-р Итан Вајс, коавтор на новата студија, со години им ја препорачува оваа диета на своите пациенти.

Имено, врз основа на спроведениот експеримент, глувците кои јаделе само во интервал од 8 часа на ден, изгубиле тежина и живееле подолго од оние што можеле да јадат во секое време.

Тоа откритие беше многу интересно за научниците и многу луѓе решија да ја испробаат оваа диета.

Меѓутоа, кога д-р Вајс и неговите колеги го повторија истиот експеримент врз луѓето, тоа не ги донесе очекуваните резултати. Две групи на дебели луѓе учествуваа во истражувањето. На едната група им беше кажано дека можат да јадат сешто, кога и да посакаат. И другиот, се разбира, да може да јаде што било, но само од 12 до 20 часа.

Во текот на 12-те недели од експериментот, обете групи изгубиле во просек по 1 килограм, без оглед на исхраната.

„Тоа едноставно не е добар начин да изгубите тежина“, призна доктор Вајс.

Шефот на истражувањето вели дека овој концепт на земање оброк е едноставен и не бара премногу размислување.

Пред неколку години, д-р Вајс беше импресиониран од едноставноста и конзистентноста на истражувањето спроведено врз глувци. Тие добија иста количина на храна, при што една група имаше пристап до храна само за време на „прозорецот“ од осум часа.

Секоја група животни јадеше приближно иста количина на иста храна, а оние на кои беа применети правилата 16: 8 не само што изгубија тежина, туку и живееја подолго.

– Теоријата беше дека мора да има одредена метаболичка предност во промените во деноноќниот ритам или хормоните што се лачат – рече д-р Вајс.

Тогаш докторот само што започна да јаде на тој начин. Исто така, првично изгуби неколку килограми. Се чинеше како диетата да „работи“.

Тој подоцна додаде план за исхрана кој се фокусира на низок внес на јаглени хидрати. После тоа, тежината започна да паѓа, а д-р Вајс беше убеден во ефикасноста на диетата.

– Морав да купам нова облека, изгубив неколку броја – рече тој.

Но, тој и неговиот тим се обидоа да ја докажат хипотезата дека само овој ритам на диета може да доведе до губење на тежината, со две групи од 57 и 59 лица со прекумерна тежина или дебелина.

Тие и рекоа на една група да јадат три оброка и да грицкаат кога ќе посакаат.

Тие и ’кажаа на другата група во основа истото, но дека треба да ја јадат целата цврста храна што ќе ја јадат секој ден помеѓу пладне и 20 часот.

Сите изгубиле занемарлив 1 килограм за време на 12-неделниот период на студирање. Лицето кое изгубило најмногу тежина изгубило 8% од маснотиите во телото, но таа била во групата што може да јаде во секое време.

Доктор Вајс сега верува дека оваа диета е класичен ефект на плацебо.

И, какви се вашите искуства со повремениот пост? Дали ги дадоа очекуваните резултати и ако да, колку килограми изгубивте? Споделете со нас преку коментарите!

escort - Korsan taksi