Тие се најзгодните жени во светот, а КОНЕЧНО е откриена тајната на нивната убавина!

24 декември, 2020
366575_viktorijini-andjeli-02-profimedia-profimedia_ls


Кога станува збор за вежбање, моделите пред шоуто тренираат шест пати неделно најмалку еден час


Кога станува збор за диета, нивната исхрана се базира на добри масти и протеини, како и на ниска содржина на јаглени хидрати. Максималниот број на калории што можат да ги внесат дневно е 1300. Моделите добиваат совети од експерти за исхрана да јадат повеќе пилешко, говедско или риба со секој оброк или во замена за јајца (околу три). Забрането е млеко и глутен, како и зеленчукот што расте под земја, бидејќи се смета дека е потешко да се вари.
Исто така, не им е дозволено да јадат шеќер, вклучително и овошје. Дозволени се само бобинки, што се препорачува да се консумираат два пати на ден.

Тие можат да јадат ½ чаши леќа или наут, или малку кафеав ориз, сладок компир или киноа. Моделите прво вежбаат на празен стомак наутро, дозволено е само вода и кафе, а по тренинг конзумираат протеински шејк. Последниот оброк треба да го имаат до 18 часот, а алкохолот е апсолутно забранет. Моделите спијат меѓу седум и девет часа во текот на ноќта и пијат два до четири литри вода.


Кога станува збор за вежбање, моделите пред шоуто тренираат шест пати неделно најмалку еден час. Многу модели ангажираат обучувачи кои дизајнираат индивидуални видови обука, со што се постигнуваат најдобри резултати. Додека Адријана Лима обожава бокс, манекенката Стела Максвел е голема обожавателка на јогата Аштанга. Жозефин Скривер сака да крева тегови, кои ги комбинира со кардио вежби. Ангелите редовно прават вежби за пилатес и балет, и еднаш неделно прават масажа на целото тело.

Пример за дневно мени:

Пред појадок: малку јаболков оцет

Појадок: Половина авокадо и половина грејпфрут, попрскани со цимет. Втората верзија е зелено смути, а третата е омлет со спанаќ.

Ручек: Салата од зелен зеленчук

Ужина: Малку бобинки или ореви

Вечера: Здрави јаглехидрати (киноа, кафеав ориз или сладок компир), послужени со протеини и зеленчук.

escort - Korsan taksi