ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – И ТОА Е МОЖНО: 5 знаци дека треба да јадете повеќе за да изгубите тежина!

2 јуни, 20200
slabeemke

Колку и да е чудна идејата дека ќе изгубите тежина ако јадете повеќе, експертите посочуваат дека е можно во следниве случаеви.

Диетичарката Сузи Барел открива како не јадењето доволно може да ве спречи да изгубите тежина и открива знаци кои укажуваат дека треба да јадете повеќе.

Веќе сте изгубиле тежина

Штотуку започнувате со диета, губењето на тежината брзо се гледа затоа што драстично сте ја промениле исхраната. Но, со текот на времет, додека губите тежина, хормоните кои ги контролираат маснотиите во вашиот метаболизам, почнуваат да работат подобро.

 Затоа, по некое време, ќе мора да јадете повеќе, а не помалку, за да продолжите да губите тежина. Значи, ако веќе изгубивте пет до десет килограми и диетата повеќе не „функционира“, обидете се да внесете 200-300 калории повеќе, со цел да го продолжите слабеењето.

Никогаш не сте гладни

Гладот ​​е силно природно чувство што покажува дека телото ефикасно ја користи внесената храна. Од друга страна, ако никогаш не сте гладни, тоа може да биде знак дека јадете премногу малку, поради што телото „чува резерви“.

Се потешко ви станува да вежбате

Луѓето кои опсесивно пресметуваат калории, честопати се опседнати со вежбање, па честопати се соочуваат со потешкотии затоа што внесуваат многу малку калории, а премногу трошат за време на тренинзите. Тежината „паѓа“ толку нагло, а телото се бори затоа што мускулите веќе немаат доволно сила да издржат интензивен тренинг.

Екстремниот замор за време на тренинг може да биде знак дека не внесувате доволно енергија во вашето тело. Во принцип, секој дополнителен час вежбање бара околу 200-300 калории повеќе.

Навечер се прејадувате

Одлично е што се обидувате да го ограничите внесувањето на калории во текот на денот, но не е супер ако го надоместите тоа подоцна со прејадување во вечерните часови.

Екстремен глад во доцните попладневни часови или навечер може да биде знак дека треба да јадете повеќе во текот на денот. Во тој случај, обидете се да внесете 100-200 повеќе калории за ручек, додавајќи протеини и јаглени хидрати во тој оброк – сирење, јогурт, јаткасти плодови и овошје.

Силна потреба за шеќери

Големата желба за слатки може да биде знак дека јадете многу малку јаглени хидрати и дека ова не е доволно „енергија“ за вашето тело. Со прекумерна желба за благо, телото всушност ви испраќа порака дека треба повеќе храна што ќе им обезбеди глукоза на мускулите, со цел тие да функционираат добро.

Покрај тоа, екстремна желба за шеќер може да се појави дури и по губење на тежината, бидејќи телото испраќа сигнал дека изгубило калории и се обидува да се заштити од од глад.

Како да го спречите тоа? Јадете редовно и нека вашите оброци содржат јаглени хидрати што ќе му дадaт доволно енергија и ќе го избегнат вашето изгладнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *