ВНИМАНИЕ! Сите ги јадеме овие намирници, а може да предизвикаат халуцинации

18 септември, 2020
Untitled

Во случај на прекумерно конзумирање на некои од овие намирници, може да се појават халуцинации и некои компликации.

Уживајте во умерени количини, како и во сè друго.

  1. Едно американско истражување покажа дека седум чаши црно кафе на ден може да предизвикаат халуцинации. Откако ја испиле оваа количина кафе, испитаниците слушнале разни звуци, а поединци исто така почувствувале присуство на духови.
  2. Чоколадото содржи анандамиди. Ако се јаде во прекумерни количини тоа ќе произведе ефект во организмот многу сличен на пушењето марихуана. Лице кое тежи околу 60 килограми треба да изеде околу 11 килограми чоколадо истовремено за да го почувствува.
  3. Сирењето „Стилтон“ со благородна мувла може да го наруши ноќниот одмор. Едно британско истражување открило дека консумирањето 20 грама од ова сирење пред спиење предизвикува бизарни соништа.
  4. Фефероните предизвикуваат горење во устата и грлото, а капсаицинот од ова растение го принудува телото да го зголеми производството на ендорфин, што може да направи да се чувствувате добро, но дури може да се чувствувате и малку „дрогирани“.
  5. Афионот е намирница со силни наркотични својства бидејќи содржи висок процент на морфиум алкалоид. Запомнете го ова кога сакате да јадете второ, трето, четврто парче афионско семе.
  6. Ергоизмот е труење со ‘ржано брашно што е заразено со ерготамин. Труењето се манифестира со халуцинации, грчеви, но и исчезнување на чувствата во прстите.
  7. Главата на рибата салпа од семејството на школки може да предизвика халуцинации неколку дена. Покрај тоа, во антички Рим, оваа риба, наводно, била изедена токму поради своите наркотични својства. Можеби затоа оваа риба не е премногу често на пазарот со риби?