Зошто се чувствуваме ОДЛИЧНО после ЛУТА ХРАНА? Науката го има одговорот на ова прашање…

21 август, 20200
cili

Повеќето луѓе барем понекогаш сакаат да уживаат во лути вкусови.

Како и да е, има и такви кои практично не можат без пиперка и чили сосови, толку лути што солзите сигурно ќе почнат да ви се слеваат по лицето. Тогаш, зошто имаме желба за вкус што, мора да се признае, не е секогаш пријатен и предизвикува пожар во нашите усти?

Науката го има одговорот на ова прашање.

Луто зачинетата храна го предизвикува ефектот опишан погоре, затоа што содржи капсаицин. Тоа е молекула која се наоѓа во лутите пиперки и директно ги напаѓа рецепторите за болка во устата, кои му испраќаат сигнал на мозокот дека нешто е жешко во устата. Нашето тело реагира на овој сигнал со потење, што ни помага да се оладиме.

Кога консумираме луто, нашиот крвен притисок се зголемува, срцевиот ритам се забрзува и почнуваме побрзо да дишеме. Како и да е, интересно е што по толку интензивна реакција на нашето тело, генерално, се чувствуваме подобро отколку пред самиот оброк. Исто така, постои научно објаснување за овој феномен.

Имено, болката предизвикана од капсаицин го стимулира производството на хемиски супстанции ендорфин и допамин во нашето тело. Нивното лачење ја намалува болката, но исто така предизвикува чувство на блаженство. Значи, ова е една од најголемите причини зошто понекогаш се одлучуваме за зачинета храна, иако не секогаш ја сакаме за време на оброкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi