Истражувањето покажа: Мажите со подлабок глас се повеќе склони кон изневерување

8 октомври, 2020
365e29d5374ca91b0351


Мажите со длабок глас имаат поголема веројатност да привлечат друга личност, но исто така е и поголема веројатноста да изневерат врска – и тоа е заради високите нивоа на тестостерон, покажа истражувањето. Истражувачи од кинески универзитет ги снимиле гласовите на 88 мажи и 128 жени и потоа побарале од нив да пополнат формулар за да го проценат нивниот став кон неверството, пренесува Дејли меил. Жените честопати ги привлекуваат мажи со низок, богат глас бидејќи тие се поврзани со високи нивоа на тестостерон што, во еволутивна смисла, сугерира дека мажот ќе биде добар партнер за создавање здрави деца, како што објаснува истражувачкиот тим. Сепак, мажите со поголемо ниво на тестостерон, исто така, имаат лабав став кон неверството, помалку се грижат за своите врски и на крај изневеруваат.

Сите волонтери беа млади студенти на возраст од 18 до 25 години, хетеросексуалци, непушачи и со добро здравје кога нивниот глас беше снимен. Откако од нив беше побарано да го прочитаат списокот со зборови, нивните гласовни записи беа анализирани на различни типови на фреквенција и висина под влијание на голем број фактори, вклучувајќи ја формата на устата, гркланот и нивото на тестостерон. Тие потоа поминаа психолошки тест со прашања во врска со нивниот став кон верноста и односите, како што се чувствуваат кога изневеруваат партнер. Мажите со подлабок глас беа помалку посветени на своите врски и поверојатно ќе беа неверни, објави магазинот „Личност и индивидуална разлика“. Ова сугерира дека тестостеронот е клучен фактор во верноста, велат истражувачите. „Тестостеронот и тестостерон-зависните карактеристики можат да бидат сигурни показатели за состојбата или однесувањето на мажот во врската“, напишаа тие. – Мажите со поголемо ниво на тестостерон, а со тоа и со подлабок глас, може да имаат поголема шанса за афера или помалку посветеност на нивната романтична врска.

escort - Korsan taksi