Изгледа брутално! Никој не би рекол дека оваа привлечна мексиканка е во шеесетата деценија од својот живот

17 мај, 2020
profimedia-0497566906

Позната по своите облини, темна коса и беспрекорен тен, Селма Хајек веќе години наназад е една од најголемите секс симболи и секогаш го зема целото внимание на црвениот тепих, а и вон него.

Глумицата Селма Хајек повторно ги почести следбениците на социјалните медиуми со фотографија од базен со мокра коса. Кожата на глумицата е беспрекорно чиста, нема ниту една брчка…

Родена е во Мексико, а кариерата ја започнува на 23 години глумејќи во мексичката теленовела “Teresa”. Подоцна се сели во Холивуд и набрзо се појавува во филмовите “Desperado”, каде глуми со Антонијо Бандерас, “From Dusk till Dawn“ и “Dogma”. Но една од нејзините најзначителни улоги беше онаа на мексичката сликарка Фрида Кало во филмот “Frida” која и овозможи номинација за Oscar, BAFTA, Golden Globe и Screen Actors Guild наградите.

Денес Селма е успешна продуцентка и мајка, а минатата година беше во Хрватска за снимањето на филмот “Hitman’s Wife Bodyguard” со колегите Семуел Л. Џексон и Рајан Рејнолдс.

Хрватска толку многу ја воодушеви што по два месеци се врати повторно да сними уште еден филм “Bliss” во кој глуми со Овен Вилсон. Селма веќе 10 години е во брак со мултимилијадерот Françoisom-Henrijem Pinaultom (57), со кој ја има 11-годишната ќерка Valentinu Palomu.

Во неодамнешно интервју, Хајек проговори за својот изглед и стареењето и откри дека и покрај промените кои ги носат годините, никогаш не била позадоволна и посреќна.

“Сеуште се осеќам по малку секси бидејќи мојот сопруг е доста добар да ме потсети дека сеуште го имам ТОА во мене. Но во мојот живот не е најважна работа да се чувствувате секси”, искрено признава глумицата и додава дека за неа дефиницијата на среќа пред се е семејството.  Со ведар пристап кон животот и одличната смисла за хумор, неретко потенцира дека никогаш не подлегнала на пластични операции и ботокси, па дури не пробала хемиски пилинзи и микродермоабразија.