Изгледа како да има екстензии, а природна е: интересен трик на Меланија Трамп кој секој може да го направи!

5 мај, 2020
меланија 1

Melanija Tramp, sопругата на американскиот претседател, во периодот додека е на позицијата “прва дама” успеала да го промени неколку пати својот изглед.

Но има неколку работи кои се нејзин заштитен знак, а една од нив е беспрекорната фризура.

Убава и секогаш средена коса е нешто што се очекува од првата дама на Америка, а многумина се прашуваат како Меланија може да има таков волумен на косата, особено затоа што жените во нејзини години имаат чести проблеми со квалитетот на косата која се ретчи. Иако понекогаш косата и изгледа густа како да ставила екстензии, вистината е дека таа е секогаш природна, а во прашање е моќен трик.

Трикот е во начинот на правење патец и во типот на четки. За овој трик ви е потребна голема округла четка со која благо ќе ги виткате и разделувате прамените за време на сушење на косата. А тука има уште еден трик- во прашање е вешто наместениот патец, кој Меланија го носи во цик-цак форма.