Изненадување или не? Знак дека сте во среќна врска

25 мај, 2020
Naslovna

Луѓето во сериозна врска се навикнати да споделуваат сè – или скоро сè. Додека повеќето парови немаат проблем со споделување храна, бања и сметки, со споделување на најинтимни мисли многу се многу повоздржани.

Студијата објавена во “The Journal of Sex Research” покажа дека можноста да разговарате со вашиот партнер целосно искрено за апсолутно сè, зборува волумен за квалитетот на врската.

Студијата вклучуваше парови кои биле во врска најмалку две и пол години. Испитаниците требаше да откријат колку добра комуникација имаат со партнерот, за што зборуваат сите со партнерот и дали се подготвени да разговараат за помалку пријатни теми.

Истражувачите заклучиле дека паровите кои ги откриваат своите најинтимни мисли на партнерот, биле најсреќни во врските, најмногу задоволни од својот сексуален живот и сметаат дека имаат силна и стабилна врска. За некои, целосната искреност во врската е задолжителна, но во многу љубовни врски има ситни лаги што некои дури сметаат дека се пожелни.

На пример, општо е мислење дека некои вистини треба да се чуваат во тајност од партнерот, или да се „разубавуваат“, како што е бројот на претходните партнери или колку пари потрошивме на нови чевли.

Сепак, дури и со такви навидум банални работи, најдобро е да се биде искрен, бидејќи апсолутната искреност се чини дека води кон среќна и долгорочна врска.