Извадете ги прстените пред да ги миете рацете- Еве зошто тоа е важно за време на пандемијата

9 декември, 2020
prstenje-nakit-maddi-bazzocco-lk7s8i5NdqE-unsplash-910x607

Го знаете тоа чувство кога почнува да ве чеша коренот на вашата рака и кога кожата почнува да се суши и перути? Па, тоа е знак дека грешите во еден дневен ритуал

Дали некогаш сте ги миеле рацете толку многу во вашиот живот, како за време на оваа пандемија на корона вирусот? Секако не, и сигурно со месеци, а особено сега во текот на зимата, имате голем проблем со сувата и испукана кожа. Значи, покрај многуте совети за нега на кожата, додадете го овој на списокот за да ги зачувате вашите раце.

Извадете го накитот, а потоа вклучете ја славината

Постојат безброј причини зошто вашите раце може да изгледаат како да имаат многу дамки, а исто така и зошто чувствувате чешање. Премногу груби средства за дезинфекција на рацете, прескокнување на хидратантни креми, „горење“ на рацете со топла вода… а сега има и друга причина. Накитот. Значи, пред да ја вклучите чешмата, извадете ги прстените од рацете!

Водата е главниот иритант

Веќе имате навика да го вадите накитот пред миење за случајно да не ја оштетите нежната кожа на лицето со металниот прстен. Истото треба да го практикувате и при миење на рацете. Бидејќи, луѓето кои имаат проблем со егзема, не отстранувањето на прстенот може само дополнително да го интензивира чешањето на кожата. Постојат видови на егзема кои се претвораат во многу иритирачки осип и се појавуваат на кожата кога рацете (или нозете) се премногу изложени на вода. Иако другите алергени сигурно можат да предизвикаат реакција, дерматолозите потсетуваат дека „водата е главниот иритирачки фактор“. Затоа, се препорачува после секое миење, добро да ја исушите кожата на рацете, но многу добро со крпа, на фен или природно, за да бидете сигурни дека по миењето водата не останува на кожата на раката и нема да предизвика иритација.

escort - Korsan taksi