Извинувања кои им ги должиме на нашите мајки

11 мај, 2020
61880867

Сите мајки ќе се согласат за една работа – треба да станеме родител за да разбереме колку е навистина тешко. Само откако ќе се соочиме со сите предизвици на мајчинството, ќе започнеме повеќе да ги цениме сопствените мајки и да сфатиме дека им должиме извинување за сите стресови што сме им ги приредиле.

1. Се извинувам за мојот пубертет, хормони и ненадејни периоди на тинејџерско лудило. Сега знам дека тогаш не знаев сè, иако така се однесував.

2. Се извинувам за секое доцнење, повремени пијанства, ненајавени пирсинзи и тетоважи, и за сите нови фармерки што веднаш ги исеков.

3. Се извинувам за пркосот, инаетот тоа и сите превртувања со очите.

4. Се извинувам за сите лоши момци кои лошо се однесуваа кон мене додека ме научи дека го заслужувам најдоброто.

5. Се извинувам за конфликтите, моментите кога од лутина ти зборував дека си лоша мајка, а ти беше мајка каква што тогаш ми требаше. Онаа која ме натера да престанам да ги игнорирам сопствените грешки.

6. Најмногу се извинувам што мислев дека да се биде мајка е твоја работа, и исто така дека е и најлесната работа на светот.