ИЗВОЈУВАЈ ПОБЕДА: ДОКТОРКА ОД ХРВАТСКА ПРЕТСТАВУВА МЕНИ СО ПРАВИЛНА ИСХРАНА ЗА МОЌЕН ИМУНИТЕТ!

26 мај, 20200
zdrava hrana

Додека сите сме во исчекување на вакцината и лекот против вирусот Covid – 19, се чини дека правилната исхрана се запостави  како начин за превенција и обезбедување на соодветна реакција на имунолошкиот систем. Ана – Марија Либерати Пршо, докторка од Хрватска, објаснува кој е правилниот начин на исхрана, којшто го ојакнува огранизмот, доколку дојде во допир со Коронавирусот.

Таа вели дека пандемијата со вирусот, којашто на глобално ниво однесе над многу животи, кај сите нас поттикнува одредена доза на страв и паника за што поскоро наоѓање на соодветно решение, коешто истовремено ќе ни биде и лесно достапно. Сега за сега, тоа не се ниту вакцината ниту лековите, туку основна превенција – како механичката заштита, така и соодветната исхрана, којашто на организмот ќе му овозможат доволно минерали, антиоксиданси и фитонутриенти.

Доктор Ана – Марија Либерати Пршо тврди дека правилната исхрана подразбира намалено внесување на пржена, брза и преработена храна од животинско потекло, како и намалена количина на газирани пијалоци, за коишто најдобра замена се водата и незасладените природни чаеви. Таа смета дека акцент треба да се стави на хранливите материи кои го стимулираат организмот, како што се зеленчукот, шумското овошје, рибата збогатена со омега – 3 масни киселини, јаткастите плодови, како и зачините ѓумбир и куркума, лукот како билка која се користи во борба против разни вируси, печурки, мешунки и цели зрна од житарки.

Меѓудругото, таа ја издвојува физичката активност како еднакво важна, но и користењето на разни суплементи, доколку е потребно. Исто така, докторката смета дека витаминот Д игра огромна улога, како еден од најважните витамини, во самата превенција, врз основа на тоа што е забележана поголема смртност во оние земји кадешто има дефицит на витамин Д кај заболените од вирусот. Дали може зголеменото внесување на витаминот Д да влијае во намалувањето на ризикот од заболување и намалување на смртната стапка предизвикани од Коронавирусот, останува да дознаеме од истражувањата кои допрва следат. Дотогаш, доктор Ана-Марија Либерати Пршо од Хрватска, ни препорачува да водиме сметка за нашето здравје, како и за внесувањето на витаминот Д, особено кај оние лица каде што е забележан дефицит на истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *