Јадете што сакате, а килограмите само ќе си отидат: проверете зошто оваа викенд диета е вистински хит!

5 мај, 20200
диета

За кратко време оваа викенд диета станала многу популарна меѓу жените. Диетата уште се нарекува и принцип 5:2. Ова е начин на исхрана кој дава одлични резултати, а не бара многу откажувања од храна.

Кои се правилата на диетата 5:2?

Пет дена во неделата е дозволоена вообичаена исхрана и оброци на кои веќе сте навикнати, а само два дена се ограничува внесот на калории. Ова ограничување значи внес на 500 калории во тие два дена.

Со ова периодично намалување на исхраната се избегнува стресот во телото. Тоа значи дека ќе слабеете постепено, без страв дека килограмите ќе се вратат назад.

Во просек со оваа диета се губи еден килограм неделно, но доколку воведете и физичка активност три пати неделно, можете да ослебнете и до три килограми за една недела.

План за исхрана во работните денови:

Овие денови јадете вообичаено како и до сега. Ниту помалку, ниту повеќе. Важно е да знаете дека во овие пет дена не сте на диета, што значи немате никакви забрани.

План за исхрана за викенд:

За викенд треба да внесете 200 калории за појадок и по 150 за ручек и вечера.

Појадок: Омлет со 2 јајца, многу зеленчук и лажица полномасна урда.

Ручек: Парче пилешко бело месо, салата и парче интегрален леб.

Вечера: Рибна филета, салата, парче интегрален леб.

Доколку се почувствувате гладни во текот на вечерта, можете да испиете шолја немасен јогурт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *