Кафето во служба на убавината! Негувајте ги кожата и косата со овој горчлив напиток!

16 јуни, 20200
kafe 2

Ако сте љубител на кафе, ќе ве израдува фактот дека можете да го користите и за нега на кожа!

Кафето е омилен пијалок на многумина, но исто така и состојка во многу производи за нега на кожата. Искористете го домашното кафе за да направите производи за нега на коса и кожа.

За коса

Дали вашата коса го изгуби својот сјај? Кафето може да помогне, сепак, само ако сте бринета, бидејќи тоа ќе остави дамки на светла коса.

Измешајте малку кафе со 240 милилитри вода за да направите маска, а потоа нанесете ја на влажна и свежо измиена коса. Ова ќе ја освежи бојата на косата и ќе и даде нов изглед.

За кожата под очите

Многу креми за нега на очи содржат кофеин, затоа што помага да се отстрани водата што се акумулира, односно ги смирува „вреќите“ под очите.

За пилинг

Кафето е познато дека е одлично за ексфолијација и ќе помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата.

Измешајте 60 грама кафе со 60 грама кафеав шеќер и неколку капки сок од лимон. Тријте ја кожата со оваа мешавина по туширањето и оставете ја на неколку минути пред да ја исплакнете. Повторете ја оваа постапка неколку пати во неделата.

За испукани петици

Дали кожата на вашите петици е сува? Бидејќи кафето има пилинг ефект,  ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата и ќе ги направи петите мазни и меки.

Измешајте кафе со вода и измасирајте ги петиците со оваа смеса. Оставете 10-15 минути, исплакнете ги , исушете и нанесете хидратантна крема.

За побрз раст на косата

Кафето ја зголемува циркулацијата, па ако го масирате скалпот со него, тоа ќе го стимулира растот на косата.

Измешајте кафе со 240 милилитри кокосова вода и тријте го скалпот со оваа смеса, а потоа исплакнете. Кружните движења со масажа го стимулираат растот на косата, а кафето делува на хормонот што доведува до губење на косата.

За усните

Веќе разбравте – кафето е добро за ексфолијација, што е одлично за испукани усни.

Измешајте кафе со кокосово масло и направивте одлична маска за усни!

Маска за лице

Не мора да купувате скапи маски. Измешајте кафе со 240 милилитри млеко, нанесете ја оваа смеса на лицето и оставете ја 10-15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода и уживајте во блескавата кожа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *