Како да дознаете дали му се допаѓате?

21 мај, 20200
љубов

Мажите и жените се разликуваат во однос на изразување на емоциите. Еве неколку знаци како да препознаете дали му се допаѓате или само губите време.

Ви покажува внимание

Често ве гледа во очи, ви посветува внимание, ве слуша кога зборувате.

Не се преправа

Воопшто не се обидува да се покаже во поинакво светло од она каков што е навистина. На почетокот сите се обидуваме да ги истакнеме нашите позитивни страни, но од друга страна, кога некој ви се допаѓа не се обидувате да глумите.

Ви се доближува

Говорот на телото може многу да каже. Затоа обрнете внимание дали тој ви се доближува кога разговарате, дали случајно ве допира за рака, коса…

Се труди да биде забавен

Смеата е секогаш добредојдена, особено во заведувањето. Освен тоа, ако навистина му се допаѓате, тој сака да ве гледа среќна и затоа секогаш ќе се труди да биде забавен и да ве смее.

Ви открива работи за себе

Ако ви се доверува и зборува отворено за интимни работи, несомнено му се допаѓате!

Ви дава до знаење дека му е забавно со вас

На тој начин се обидува да ви каже дека му се допаѓате и дека сака да поминува повеќе време со вас.

Љубезен е

Секој маж се труди да биде љубезен со жената која му се допаѓа.

Го менува гласот

Тоа го прави несвесно- од возбуда што сте тука, блиску до него.

Споделува со вас

Ви кажува се- за работите кои ги сака, работи кои не ги сака, што го повредува, во што ужива, што го нервира… Мажите генерално не се отвораат така лесно, а доколку со вас разговара опуштено за се, тоа е добар знак.

Ви дава комплименти

Доколку во текот на разговорот ви упатува комплименти, навистина му се допаѓате.

Ве издвојува од останатите

Можеби не сте го приметиле ова, но доколку се обидете да се сетите, ќе приметите дека кон вас се однесува поинаку отколку кон другите девојки и со тоа јасно ви дава до знаење дека имате посебно место во неговиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *