Како да ги избегнете алергените во затворен простор?

19 мај, 20200
алергија

Иако не можеме да влијаеме на загадувањето на надворешниот воздух, постојат многу начини на кои можеме да го подобриме квалитетот на воздухот во затворен простор.

Статистиките покажуваат дека речиси 90% од вкупното време во животот го поминуваме во затворен простор. Исто така, 9 од 10 луѓе живеат на места каде што е ниско нивото на квалитет на воздухот. Недостатокот на свеж и чист воздух може да предизвика голем број на здравствени проблеми кои во почетокот не се опсани, но секако ни стојат на патот на живеењето на здрав живот.

Меѓу потенцијалните здравствени проблеми е алергијата. Најчест облик е алергискиот ринитис, предизвикан како реакција на имунолошкиот систем на алергените од воздухот, како што се полен, прашина и други штетни честички. Овој тип на алергија погодува дури 40% од вкупната популација ширум светот.

Прашина

Прашината ја има во сечиј дом и работно место. Покрај редовното одржување на хигиената во просторот во кој престојуваме, една добра идеја е да ги оставите подовите и ѕидовите голи, без теписони, односно без завеси.

Чистење

Бришењето на прашина и смукањето се неопходни за чист и свеж воздух без алергени. Пожелно е често менување на кесата од смукалката и да набавите правосмукалка со двоен систем за прочистување. Во однос на бришењето на прашина пожелно е да користите влажна крпа. За луѓето кои патат од алергија се препорачува носење на маска за време на чистењето.

Готвење

Готвењето исто така може да ги зголеми алергените во затворен простор. Докажано е дека едноставната подготовка на храна, како што е на пример подготвувањето на тостови може да го загади воздухот ослободувајќи штетни честички како резултат на процесот на согорување.

Миленици

Колку и да ги сакаме милениците, мораме да бидеме свесни дека контактот со нив може да биде причина за алергии. Нивните влакна спаѓаат во групата на високи алергени. И затоа треба да се посвети големо внимание на хигиената.

Освен редовната хигиена и евентуална терапија доколку е потребна, експертите ги препорачуваат и прочистувачите за воздух, при чиј избор треба да бидете особено внимателни во однос на составот и квалитетот на прочистувачот за воздух.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi