Како да го продолжите животот на вашите омилени фармерки?

23 април, 20200
farmerki

Ако водите грижа за тоа како ги перете, фармерките може да ви потраат малку подолго. Некои велат дека воопшто не треба да се перат, но доколку тоа ви е незамисливо применете го советот од сопственичката на брендот DL1961 Захра Ахмед, на која во Harper’s Bazaar и беше даден ласкавиот прекар „кралица на фармерките“.

Таа тврди дека ако сакате да го продолжите животот на вашите омилени фармерки, има три важни чекори што треба да ги следите при нивното перење.

„Кога станува збор за фармерки, секогаш е важно да ги следите упатствата на етикетата, но овие правила се универзални: перете ги рачно во ладна вода за да ја зачувате ткаенината, свртете ги од внатрешната страна за да го спречите избелувањето на бојата и избегнувајте да ги сушите на сушалка затоа што од топлината се смалуваат“, советува Захра, додавајќи дека перењето во машината е прифатливо само кога сакате да ги отстраните дамките, но на најбрзата програма и не повеќе од 40 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *