Како да направите домашни средства за чистење, нетоксични и евтини

16 јули, 20200
чистење

Хемиските средства кои ги користиме за чистење можат да бидат многу агресивни. Освен што имаат силен мирис, тие содржат и состојки кои не се здрави за вдишување и допирање. Секако дека чистењето на домот е важна работа, но тоа можете да го направите со домашни средства за чистење од состојки кои се сосема природни и безбедни, а се подеднакво ефикасни во борбата против вируси, бактерии, мувла и прашина.

Средство за чистење прозори

· Шише сода вода

· Две лажици бел оцет растворен во 10 дл вода

· Ставете од мешавината со оцетот во шишето со сода вода и на тоа додадете 4 децилитри алкохол.

· Измашајте го сето тоа добро и ставете го во шише со распрскувач.

Средство за дезинфекција

· Алкохолен оцет

· Три супени лажици сапун од маслиново масло

· 20-30 капки екстракт од чај

· Ставете ја мешавината во шише од половина литар и дополнете го шишето со вода.

· Добро измешајте и затвотере го шишето.

Неабразивно средство за чистење

· Прашок за печиво

· Додадете половина кесичка сода бикарбона

· Половина сок од еден лимон

· Измешајте го средството, нанаесете го на сунѓер или крпа и чистете.

Средство за чистење на тоалетната школка

· Сода бикарбона

· Алкохолен оцет

· Вода

· Соединете ги состојките и чистете со сунѓер или четка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *